Чадеж: „Отворен Балкан“ за единствен пазар на трудот
Во рамките на регионалната иницијатива „Отворен Балкан”, сакаме нашите камиони да не застануваат на граничните премини меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, сите документи да се завршуваат што е можно во пократок рок, да си веруваме и да ги признаваме сертификатите издадени во институциите на една од трите земји, како и да имаме единствени работни дозволи, изјави синоќа претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж во Ниш, каде што се одржа состанок на претставници на влади, државни управи, институции и стопански комори од трите земји, јави дописникот на МИА од Белград.
– Тоа е нашата цел и така ќе го забрзаме не само протокот на стоки, туку и ќе ги намалиме сите трошоци за нашите компании. Сакаме тоа да го постигнеме до Самитот во Тирана на крајот на декември и спроведувањето да започне во јануари 2022 година. Од друга страна, единствените работни дозволи ќе им овозможат на сите граѓани на Србија, Албанија и Северна Македонија да работат без проблеми во трите земји, како дел од една област, како што работат членките на ЕУ, нагласи Чадеж.
Третата голема цел, според претседателот на ПКС, е информациската инфраструктура, создавањето единствен ИД број – важен не само за забрзување на трговијата, туку и за давање поволности на сите компании и граѓани кои ќе се регистрираат за Отворен балкански матичен број, што ќе значи поевтини авионски билети, патарини, поволности во железничкиот сообраќај и други поволности. Чадеж потсети и дека се формира Совет за имплементација, кој ќе биде задолжен за спроведување на се што е договорено.
На собирот во Ниш се собраа повеќе од 160 претставници на влади, државна администрација, институции и стопански комори на Северна Македонија, Србија и Албанија.
Во следните два дена преку работа на шест секторски групи за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки, слободно движење на луѓе, земјоделски, индустриски производи, единствен електронски идентитет за граѓаните на „Отворениот Балкан” и група за поврзување на информатичките системи, претставниците на релевантните институции на трите земји ќе ги решаваат клучните предизвици за да се забрза и олесни протокот на луѓе и стоки.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
