ЦДУ го бира наследникот на Меркел

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го избере нејзиниот наследник, а во трката за партиски шеф се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.
Лидерите на ЦДУ вчера повикаа на единство. Потпретседателката на партијата, Силвија Брехер, истакна дека очекува по собранието сите во ЦДУ да застанат зад избраниот кандидат и да придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија.
Пандемијата на коронавирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма. Предвидено е прво говор да одржи канцеларката Ангела Меркел, а поздравни говори, исто така, ќе одржат и претседателката на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, и белоруската опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја, по што кандидатите ќе ја претстават својата програма, пред да почне изборот на нов шеф на партијата.
Собранието на ЦДУ требаше да се одржи во декември, но беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата.
На конгресот на ЦДУ се поканети 1.001 делегат, а на победникот му се требни 501 глас од делегатите. Прво, ќе се одржи дигитално гласање, а доколку нема јасен победник во првиот круг, двајцата кандидати со најдобар резултат ќе влезат во вториот круг, за кој делегатите, од правни причини, ќе гласаат со испраќање писмо. Од овие причини, конечниот резултат не можно е да се објави дури следниот петок.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
