Царовска: Бојкотот нема да користи никому, апелирам до родителите и партиите да го следат интересот на децата
Наставниците се задоволни од новата програма за прво и четврто одделение и се подготвени да ја спроведат. Затоа апелирам до родителите, но и до одредени политички партии да ги тргнат настрана своите тесни лични интереси и во моментов да го следат интересот на децата, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во општина Кисела Вода, коментирајќи ги заканите за бојкот на наставата поради новата програма.
– Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа на никого, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете, рече Царовска.
Таа посочи дека новата програма треба да даде квалитет и да ги насочи учениците да учат и да ги поврзуваат сите теми кои се дадени во наставните програми и понатаму во животот да можат да ги применат тие знаења.
Министерката изрази задоволство од трудот на вработените од училиштето „Димитар Влахов“, кои подготвија брајови учебници за новата програма учениците од прво и четврто одделение.
– Навистина сум горда на училиштето „Димитар Влахов“. Не само што се подготвуваа целиот летен период за настава по новата концепција туку подготвија и учебници на брајовото писмо, што не беше досега. Квалитетно и инклузивно образование значи пристап до образование за секое дете, но кое е квалитетно. Бевме сведоци дека со години овие училишта работеа по застарени програми и не ги следеа новитетите во основните училиште. Токму затоа, сметам дека големиот предизвик кој го имаше ова училиште, го надмина и сега имаме учебници на брајово писмо не само за ова училиште туку тие подготвија учебници и за другите училишта, рече Царовска.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
