Царинската управа ќе добие донација во опрема преку Програмата EXBS

Царинската управа денеска потпиша договор со кој преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност на Амбасадата на САД ќе добие донација во опрема во вредност од 55.874 американски долари.
Договорот го потпишаа директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и регионалниот советник за Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност, Џорџ Р. Кларк.
Опремата е наменета за спречување на незаконско тргување со стоки, а се состои од два видео инспекциски системи за вршење на контрола, четири комплети на опрема за мерење на густина, пет комплети на основна опрема за вршење на инспекција и пет пејџери за детектирање на радијација.
- Оваа опрема, што царинските службеници ќе ја користат во нивната секојдневна работа, ќе придонесе за поефикасна и поефективна борба против прекуграничниот криминал и за постигнување на подобри резултати во откривањето и спречувањето на недозволената трговија и заштита на границите, велат од Царинската управа.
Оттаму информираат дека на состанокот меѓу директорот Танасоски и регионалниот советник на Програмата била разгледана досегашната соработка меѓу Амбасадата на САД и Царинската управа во рамки на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност воспоставена од 2004 година.
Констатирана е потребата од продлабочување на соработката во наредниот период со цел подобрување на оперативните капацитети на Царинската управа и постигнување на поефикасни резултати во заштитата на границите и олеснување на меѓународната трговија.
Во изминатите десетина години преку Програмата EXBS се реализирани бројни обуки и донации на опрема од страна на Амбасадата на САД, која на Царинската управа ѝ имаат обезбедено оперативна опрема во вредност од приближно три милиони долари.
Ново на Сител
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
