Бугарското Собрание ќе расправа за „геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја“

На својата прва пленарна седница во оваа година, бугарското Народно собрание денеска ќе ја разгледува Предлог-одлуката за осуда на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја во периодот од 1396 до 1913 година.
Како што јави БТА, предлагач на одлуката за осуда е националистичката партија Атака.
Со предложениот текст се предвидува 17 мај - денот на масакрот во селото Батак, да биде прогласен за Ден на почит кон жртвите на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја.
Баташкиот масакр се случил на 17 мај 1876 година, кога по задушувањето на Априлското востание, припадници на османлискиот башибозук ликвидирале голем број христијански жители во селото Батак, во реонот на Пазарџик во југозападна Бугарија. Според различни податоци, при масакрот биле убиени меѓу 1.500 и 5.000 локални жители.
Според предлагачите на осудата, со оваа иницијатива се сака да се изнесе пред јавноста „ставењето пот тепих на 500-те години турско ропство“.
Атака досега во шест наврати предлагаше слична изницијатива, но таа беше одбивана од Собранието.
Лидерот на Атака, Волен Сидоров при последното одбивање на ваквата иницијатива во ноември минатата година, изјави дека таквата постапка на пратениците е доказ за влијанието на Турција врз бугарската политика.
Ново на Сител
-

Орбан: Украинското раководство ја премина границата, Унгарија е цел на напади со денови
-

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе
-

Европа со највисока стапка на пушење во светот - Балканот предводи со двојно повисоки бројки од западноевропските земји
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
