Бугарскиот Парламент забрани „промоција“ на ЛГБТ во училиштата

Бугарскиот парламент синоќа усвои измени на својот закон за образование, проширувајќи го својот опсег за забрана на ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски.
Амандманот на законот – предложен од проруската партија Преродба – усвоен беше со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 против и 12 воздржани.
Законот сега забранува „пропаганда, унапредување или поттикнување на каков било начин, директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или родов идентитет различен од биолошкиот“.
Пратениците гласаа и за посебен текст кој ја дефинира „нетрадиционалната сексуална ориентација“ како „различна од општоприфатените и воспоставени поими во бугарската правна традиција за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол“.
Невладината организација за права Бугарскиот Хелсиншки комитет (БХЦ) ги повика пратениците да не ги усвојуваат измените, тврдат дека тие ги „кршат основните човекови права“.
Членката на ЕУ, Бугарија, исто така, одбива да ја ратификува Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз женитеВо 2021 година, Унгарија исто така донесе сличен закон, со кој се забранува „промоција“ на ЛГБТК на малолетници.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
