Бугарската Амбасада реагира на погрешно толкување на изјавата на амбасадорот Ангелов во врска со авионската несреќа кај Солунска глава

Бугарската Амбасада во Скопје во писмена изјава за МИА реагира за, како што наведува во реакакцијата, погрешното толкување на зборовите на амбасадорот Ангел Ангелов во дел од македонските медиуми околу истрагата за авионската несреќа кај Солунска глава, во која загина четиричлено бугарско семејство.
-Во врска со написите во некои медиуми за изјавата на амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, по повод трагичната несреќа со авионот на четиричелноот бугарско семејство во Република Северна Македонија, Амбасадата на Република Бугарија во Скопје категорично соопштува дека станува збор за погрешно толкување на неговите зборови во однос на истрагата за инцидентот. Во својата изјава амбасадорот Ангелов ги споделува единствено неговите лични погледи, како и на жителите и туристите на Охрид, за лошото време во градот, без да даде или заземе каков и да е однос кон истрагата, се наведува во реакцијата на Амбасадата.
Бугарската амбасада изразува надеж дека медиумите ќе ги почитуваат добрите практики на новинарската етика.
Воедно, Амбасадата на Република Бугарија овој случај го искористи да ја потврди добрата соработка меѓу надлежните органи на двете држави во во овој случај, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
