Бугарија е последна според медиумската писменост во ЕУ
Бугарија се наоѓа на последното место во Европската унија според индексот за медиумска писменост од 2021 година, и на тоа ниво е веќе четири години. Индексот се објавува годишно од Европската иницијатива за политика (EuPI) при Институтот отворено општество – Софија од 2018 година. Тој ги проценува жителите на 35 европски земји според степенот до кој имаат отпор кон ширењето лажни вести.
Со цел да се состави индексот, се испитува нивото на слобода на медиумите во соодветната земја, нивото на образование и доверба меѓу луѓето.
Лошите перформанси на Бугарија се должат на слабите резултати на медиумска писменост во анкетите на ПИСА, слабите проценки на слободата на медиумите на меѓународната ранг-листа на Фридом Хаус и Репортери без граници и ниското ниво на доверба кај луѓето.
Државата се движи подобро во однос на учеството на населението со високо образование и електронско учество на граѓаните во управувањето, но тоа не е доволно за да се помести од последното место во ЕУ во однос на медиумската писменост, јавија бугарски медиуми.
Финска (1 место), Данска (2 место), Естонија (3 место), Шведска (4 место) и Ирска (5 место) се на врвот на ранг-листата според индексот за медиумска писменост во 2021 година. Овие земји имаат најголем потенцијал да ги издржат негативните ефекти на лажните вести и дезинформациите во Европа поради високите нивоа на квалитет на образование, слободата на медиумите и довербата меѓу луѓето.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
