Буџетот за СЈО помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница ја разгледа Предлог одлуката за распределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите и заклучи да се даде на понатамошна постапка во Собранието. Со Предлог-одлуката, како што појасни вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се реалоцираат средства од буџетот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
- Согласно Законот за јавно обвинителство за кривични дела кои се поврзани со незаконското следење на комуникациите Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди средства за непречена работа на Јавното обвинителство. Согласно финансискиот план средствата во износ од 63 милиони 420 илјади и 428 денари се наменети за работење и непречено функционирање на Јавното обвинителство за последниот квартал од 2015 година. Тие се обезбедуваат со намалување во разделот Министерство за финансии - функции на државата, рече Ставрески.
Нагласи дека со предложената Одлука за прераспределба на средства се предлага реалокација на средствата од буџетот на РМ од 2015 година, а согласно Законот за буџет за прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите одлучува Собранието.
- Затоа очекувам оваа одлука да биде потврдена од Собранието на Република Македонија, рече Ставрески.
Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
