Буџетот на општина Дебар за 2017 година над 312 милиони денари

Советот на општина Дебар, на денешната седница последна за оваа календарска година го усвои Предлог-буџетот на општината за 2017 година.
Буџетот е проектиран на 312 милиони и 250 илјади денари и споредено со годинашниот е „потежок“ за 20 проценти.
Според Ќазим Ќормемети, раководител на секторот за финансии, најголем прилив и следната година се планира во ставката дотации.
- Во делот на приходите најголем процент отпаѓа на ставката дотации или 165,8 милиони денари, потоа даночни приходи 59,5 милиони, донации 18,5 милиони, капитални приходи 17,9 милони, неданочни приходи 15,5 отсто и кај ставката трансфери 35 милиони денари, изјави Ќормемети.
Советниците на денешната редовна седница ја усвоија и одлуката за реализација на буџетот, како и Програмата за работа на Советот на општината за идната година.
На седницата усвоени беа и неколку документи од сферата на урбанизмот, а разгледани се и дрги прашања од надлежност на Советот.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
