Брнабиќ даде отчет за работата на српската Влада во првите 100 дена

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги претстави резултатите од работата на Владата во првите 100 денови и вети дека од 1 јануари 2018 година платите ќе се зголемат за 10 проценти, а пензиите за пет отсто
- На вработените во образованието, здравството, судството и обвинителството, војската, полицијата и безбедносните служби платите ќе им бидат зголемени за 10 отсто, додека државната администрација ќе има покачување од само пет проценти. Пензионерите покрај петте отсто зголемување, наредниот месец ќе добијат и еднократна помош од 5.000 динари (45 евра), изјави Брнабиќ.
Таа нагласи дека не предвидува реконструкција на Владата и оти во изминатиот период сите работеле како екипа, изразувајќи задоволство од работата на сите министерства.
Брнабиќ истакна дека заедничките дипломатски активности на владата и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ го спречија членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО. Таа уште еднаш потсети дека членството на Србија во ЕУ останува стратешка определба на земјата и очекува до крајот на годинава да бидат отворени три поглавја во преговорите со Унијата.
Освен тоа, српската премиерка додаде дека успешно е продолжена фискалната консолидација, јавниот долг е намален на 65,4 отсто од БДП, а суфицитот на крајот од минатиот месец изнесувал 66,5 милијарди динари.
Брнабиќ, исто така, објасни дека во првите осум месеци од оваа година Србија остварила раст на надворешно-трговската размена од над 13 отсто, извозот се зголемил за истиот процент, а истовремено бројот на нови вработувања е за 5,5 отсто поголем во однос на претходната година.
- Како премиер на Србија, но и министрите од мојот тим, се сретнавме со сите најважни лидери на Европа и светот, рече премиерката и нагласи дека тоа говори за угледот што го ужива нејзината држава.
Претставувајќи ги успесите на Владата во првите 100 денови, Брнабиќ потенцира и дека по 30 години биле набавени шест авиони МИГ 29 од Руската Федерација, со цел модернизирање на српската армија.
Ново на Сител
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
