Брегзит предизвика напади врз странци и не смее да се повтори на друго место

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека британската одлука за напуштање на Европската унија (ЕУ) е причината за нападите на странците во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Прага.
Според него, слична грешка не смее да се случи во ниедна друга земја членка, за да не се дојде во ситуација Европа да ја ,,скрши" национализмот и омразата.
Соботка, исто така, предупреди дека преговорите за идниот однос на Британија и останатите земји на ЕУ ќе бидат тешки.
При преговорите меѓу ЕУ и Лондон, кои треба да почнат идната година, чешкиот премиер очекува ,,тврда средба" на која британската страна нема да биде подготвена за отстапки, но се надева дека нема да се дозволи претерано одалечување на Британија.
Тој ги отфрли обвинувањата на некои западни политичари дека Вишеградската четворка (В4) каде покрај Чешка членуваат и Словачка, Унгарија и Полска се поставуваат против Унијата за нејзино разбивање.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
