Бразил ја освои Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Бразил ја освои Копа Америка, девети пат во нејзината историја, откако ноќеска во финалето го совлада Перу со 3:1 (2:1).
На славната „Маракана“ во центарот на вниманието беше Габриел Жезус, кој му асистираше на Евертон при првиот гол во 15. минута, беше стрелец на вториот во 45+3, а потоа и исклучен од игра во 70. минута.
Во стрелците за Бразил се запиша и Ришалсон во 90. минута од пенал, додека единствениот гол за Перу го постигна Паоло Гереро, исто така од белата точка, во 44 минута од играта.
Бразил по петти пат беше домаќин на континенталниот шампионат и секој пат го освојувал трофејот на домашен терен. Овој триумф е прв по 12 години за кариоките, предводени од селекторот Тите, а е остварен без првата ѕвезда на тимот Неимар, кој отсуствуваше од шампионатот заради повреда.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
