Свет
6. јуни 2017 - 15:12

Братче и сестричка испаднале од автомобил во движење

Три годишно девојче и нејзиноиот помал брат излетале од автомобил, во движење.

Несекојдневниот настан се случил во центарот на Сочи, а во видеото кое го објавиле руските медиуми се гледа само 3-годишното девојче кое испаднало од возилото завиткано во ќебе, додека нејзиното братче не се гледа но било утврдено дека не се здобило со повреди. 

За среќа,децата поминале добро и без повреди.