Преглед на вестите од светот
Иран ги наплати првите такси од бродовите што сакаат да поминат низ Ормсуткиот тенсец , блокиран од морнарицата на иранската револционерна гардаобјави заменик претседателот на иранскиот парламент Хаци Бабаеи . Не откри кој ги платил таксите, ниту колку тие чинеле. Доналд Трамп претходно изјави дека САД ќе ги таргетираат бродовите ако му платат на Иран за да поминат низ теснецот. За да ја укине блокадата на теснецот, , Иран бара САД да ја укината поморската блоакдата на иранските пристаништа. Американската блокадат е пречка и за продолжување на мировните преговори порачаа иранскиот претседател Пезешкијан и главниот преговарач со САД Галибаф. Вашингтотн предупред дека блокадата на пристаништата на Иран ќе продолжи се додека не се постигне кончен мировен договор.
- Како што сите видовте вчера, претседателот Трамп објави продолжување на прекинот на огнот. И претседателот сака унифициран одговор. И додека го чекаме тој одговор, има прекин на огнот со воени и кинетички напади. Знам дека има некои анонимни извештаи дека можеби имало рок од 3 до 5 дена. Тоа не е вистина. Претседателот самиот не поставил рок. Но, операцијата „Економски бес“ продолжува, а продолжува и ефективната и успешна поморска блокада. На бродови и пловила што се движат кон и од иранските пристаништа. Ние целосно ја задушуваме нивната економија преку оваа блокада. Тие губат 500 милиони долари дневно.. Затоа тој е задоволен со тоа додека го чекаме нивниот одговор, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа. .
Секоја блоакдата на теснецот, преку кој минува петина од светскаат трговија со сурова нафта има директни последици врз глобалните пазари и цените на енергенсите.
Зеленски бара продолжувања на преговорите со САД и Русија за прекин на војната во Украина. Последените разговори се оддржаа пред речиси три месеци.. Според него, Украина не смее да се стави на чекање додека не заврши конфликтот на Блискиот Исток.
- Сигурен сум дека трилатералниот состанок треба да се продолжи. Ние многу се надеваме на продолжување на трилатералните состаноци, на враќање на патот што води кон крај на војната. Ние сме подготвени за кој било формат во кое било време, изјави Володмир Зеленски, претседател на Украина.
Кремљ, соопшти дека средбата Путин Зеленски е можна само за финилизирање на договор за конфликтот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
