Бошњаковски: Оптимизмот за решение за името се уште е на високо ниво

Работите за решавање на проблемот со името одат со предвидената динамика, а оптимизмот се уште е на високо ниво. Сакаме проблемот да се реши што побрзо и достоинствено, а решението да биде заемно прифатливо и за двете страни, порача денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
- Преговорите одат исклучиво преку медијаторот Метју Нимиц и ОН. Се што разговараат министрите Димитров и Коѕијас и се што е во насока да ги приближи ставовите за да се договориме оди преку филтерот на медијаторот Нимиц и се ќе биде на маса ставено исклучиво преку Метју Нимиц, рече Бошњаковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека Владата знае што прави, знае каде оди и знае што сака да направи за граѓаните.
- Оптимизмот за решавање на проблемот со името се уште е на високо ниво. Ние не преговараме преку медиуми и не испраќаме пораки преку медиумите, туку даваме исклучиво насоки дека ставовите на двете страни се приближени, на маса постои документ врз основа на кој се преговара. Јасно е решението какво може да биде, но не исклучуваме ништо додека течат преговорите и секогаш кога имаме информација од интерес за граѓаните јавно ја соопштуваме, рече Бошњаковски.
Посочи дека „Ројтерс“ доцна вчера ја поправи нивната информација во интервјуто на премиерот Заев за четирите предлози со географска одредница, бидејќи, како што рече, нивните првично објавени информации беа неточни и погрешни.
- Премиерот во интервјуто ги повтори предлозите на медијаторот Нимиц кои се веќе познати во јавноста и кои во себе содржат географска одредница. Тие не се предлози на Република Македонија, туку се во пакетот предлози кои ги има предложено Метју Нимиц до Република Македонија и до Република Грција, појасни Бошњаковски.
Нагласи дека премиерот Заев во ниту еден момент нема спомнато дека може да следува мала промена на Уставот и оти не станува збор за барање решение со кое треба да се менува Уставот.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
