Борозан нов ракометар на ГРК Охрид

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан од денеска е нов ракометар на ГРК Охрид, потпишувајќи договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид“, изјави Борозан за клупскиот сајт.
Трисетиедногодишниот Борозан доаѓа во охридскиот суперлигаш од редовите на РК Вардар 1961, а во својата кариера настапуваше за бројни клубови, вклучувајќи ги Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург.
„Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи. Ги поздравувам охридските навивачи, групата „Рибари“ да нè бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот“, додаде Борозан.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
