Бородавкин: Планирана е офанзива врз сириски градови

Сириската армија планира офанзива врз градовите Деир ал Зор и Рака со поддршка од руска авијација, јавија руски медиуми повикувајќи се на рускиот амбасадор во ОН во Женева, Алексеј Бородавкин.
Тој истакна дека и групите Џаиш ал Ислам и Ахрар ал Шам официјално не се придружиле на сириското примирје и додаде дека тие групи ги повикуваат џихадистите да се обединат во борбата против владините сили.
Рускиот дипломат тврди дека лидеритре на тие групи од време на време јавно признаваат дека се борат заедно со Џабхат ал Нусра и неодамна нагласиле дека прекинот на непријателствата е „мртов“.
– Доколку тие групи се сериозни во потрагата за можности за политичко решавање на судирите во Сирија тие мораат радикално да ги променат своите ставови, нагласи Бородавкин.
Амбасадорот на Русија во ОН, неодамна изјави дека Русија побарала од Одделот за борба против тероризам на СБ на ОН да ја стави на црната листа главната сириска бунтовничка група Џаиш ал Ислам која игра клучна улога во мировните преговори за Сирија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
