Борис Кондарко избран за претседател на ДИК

Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.
Со усогласувањето претседател на ДИК е досегашниот член Борис Кондарко, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, на предлог на Беса. Членови се досегашните претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ) и потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така беше член на ова највисоко изборно тело.
Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик - генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија. Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
-

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
-

Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови
-

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
-

Трамп: ФИФА ќе направи ужасна грешка ако го замени Инфантино
-

Расчистено разбојништво во обид во Скопје, приведени двајца малолетници
