Битолчанка осомничена за илегална трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик против 33-годишна битолчанка, која во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана.
Како што информира Обвинителството, осмоничената помали пакувања од дрогата, во неколку наврати оставала на надворешниот дел од ѕидна ограда од станбен објект, од каде ја подигнувале купувачи. При претрес во домот на осомничената полицијата пронашла 13 зипер ќесички марихуана подготвени за натамошна неовластена продажба со вкупна маса од околу 20 грама, како и три дигитални ваги со траги од марихуана и кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничената поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризикот дека ќе го повторува делото.
MИА
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
