Бионтек сака да произведува вакцини против маларија и туберкулоза во Африка

Германскиот производител на вакцини Бионтек сака да произведува вакцини против маларија и туберкулоза во Африка.
Компанијата соопшти дека го испитува воспоставувањето одржливи производствени капацитети во Руанда и Сенегал.
– Нашата цел е да развиеме вакцини во Африка и да воспоставиме одржливи производствени капацитети за вакцини со цел заедничко подобрување на медицинската нега, рече извршниот директор Угур Сахин.
– Нема гаранција дека овие проекти ќе бидат успешни. Но, ние мора да бидеме подготвени за успех, рече Сахин.
Сахин зборуваше за плановите по средбата со претседателот на Руанда, Пол Кагаме, со претседателот на Сенегал, Меки Сал и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на маргините на економската конференција Договор на Г20 со Африка.
Според иницијативата, земјите од Африканската унија во моментов увезуваат 99 проценти од нивните вакцини. До 2040 година, оваа бројка треба да биде само 40 проценти.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
