БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона

Вториот ден по катастрофалната поплава што се случи во Доња Јабланица и во околните населени места, продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак во морето од тага што ги преправи овие жители, се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
„Она што ќе ми остане во сеќавање до крајот на мојот живот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од мојата глава, секако е пронаоѓањето на мало дете. Живо под плоча која сигурно тежи два тона. Заедно со мештаните и сите присутни успеавме да го извлечеме детето живо и да го пренесеме до првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека му е обезбедено се што му треба“, изјави Сабахудин Спаховиќ од Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ).
Се уште се трага по најмалку 15 лица од ова место.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
