Без струја утре дел од скопските општини

Поради изведување технички зафати во електро мрежата утре без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите во Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари и Студеничани.
Утре од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците „Париска“ и „Варшавска“, како и објектот на гимназијата Ѓорѓи Димитров во општина Карпош, од 08:30 до 12 часот, корисниците од ул. 1 и ул. 3 во село Долно Лисиче во општина Аеродром, од 09:00 до 11 часот, корисниците од ул. „Китка“ бр. 37. во општина Кисела Вода, од 12 до 14:30 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“, подулица бр. 26, исто така, општина Кисела Вода, од 09 до 12 часот, корисниците од село Ново Село во општина Зелениково, како и корисниците од дел од ул. „Франц Прешерн“, куќни броеви од 219 до 235 во општина Карпош, од 10 до 12 часот, корисниците од ул. „Филип Втори Македонски“, како и објектот на основното училиште „Кирил и Методиј“ во општина Центар, од 10 до 13 часот корисниците од дел од ул. „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари, од 11 до 12 часот, корисниците од дел од село Варвара и ресторанот „Бела“ во општина Студеничани и од 12 до 15:30 часот корисниците од дел од ул. „Бранислав Нушиќ“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
