Бесплатни прегледи за мерења на дишната функција утре во Сити мол

По повод Светскиот ден за хроничната опструктивна белодробна болест - ХОББ 2015 година, кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје утре организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција. Прегледите ќе се извршат во период од 10 до 13 часот во Сити мол.
- Со овој настан сакаме да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни. Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
