Беса ќе создава опозициска платформа за изборите

Партијата Движење Беса на вечерашното централно собрание донесе одлука да создаде опозициска платформа со која ќе оди на избори. Иако пред месец и половина ја прифатиле понудата за коалиција на три партии со Алијанса за Албанците и Алтернатива, досега според лидертот Билал Касами немало средба и затоа Беса ќе соработува со други политички субјекти.
-Ние како Движење Беса пристапивме одговорно и искрено на целиот процес за да се дојде до една коалиција на албански партии кои ќе ги донесат промените и кај Албанците кои веќе 18 години не се направени. Со одлука на централно претседателство ја прифативме понудата на Алијанса за Албанците за една трипартитна коалиција каде требаше да биде вклучена Алтернатива која сега е дел од владината коалиција. За жал месец и пол од тогаш немам повратна информација дали се спремни овие три страни да седнат и да договориме една таква коалиција, истакна Билал Касами на средба со новинарите.
Движењето Беса сега ќе бара други партнери.
– Отсега ние ги повикуваме сите интелектуалци, студенти, активисти, јавниот и невладиниот сектор, дијаспората да се вклучат на платформата која ќе ја подготви Движењето Беса со цел да ги донесеме промените и кај Албанците во Македонија за иднина во ЕУ. Изгубивме еден значаен период во кој ќе бевме поактивни во артикулирање на опозицскиот глас, но нема да бидеме разочарни од постапките на другите партии затоа што остануваме на наши позиции, истакна Билал Касами.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
