Беровчани собираат помош за погодените од поплавите

Невидената природна катастрофа која вчера го зафати подрачјето на Скопје и околината, а беше проследена со поројни дождови и електрични празнења, предизвика официјални до сега 21 жртва и голема материјална штета и уништени домови и покуќнина.
За таа цел денеска група беровчани иницираа собирање на хуманитарна помош за настраданите семејства. Собирниот пункт каде може да донираат сите хумани граѓани она што им е најпотребно на настраданите ( вода, храна, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, ќебиња и облека ) ќе биде лоциран во центарот на Берово спроти црквата Рожденство на Пресвета Богородица, поточно пред туристичката агенција Зегин Турс.
За сите хуманитарни активности кои ги превземаат иницијаторите ќе бидат известени Црвениот Крст Берово и Општина Берово, а акцијата ќе започне утре, понеделник од 10 часот, објави сајтот ovaeberovo.mk.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
