Берлин бара Москва да влијае врз сепаратистите во источна Украина

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска од Русија побара да изврши притисок врз сепартиситте во источна Украина, со цел да го повлечат тешкото оружје од линијата на разграничување со украинските сили.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, ваквото барање Габриел му го пренел на својот руски колега Сергеј Лавров на маргините на состанокот на групата 20 најразвиени земји во Бон.
Според дипломатски извори, Габриел од Лавров побарал Русија да стори се што може за да се обезбеди имплементација на договорот од Минск, со кој се предвидува повлекување на тешкото оружје од локациите на линијата на фронтот во источна Украина.
- Од суштинска важност е да се стабилизира примирјето кое што е премногу кревко, изјави германски дипломатски извор по разговорите меѓу Габриел и Лавров во Бон.
Ново на Сител
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
-

Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
-

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син
