Белгија ќе ѝ додели нова воена помош на Украина

Белгија ќе додели дополнителни 12 милиони евра воена помош за Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го најави белгиската министерка за одбрана, Лудивин Дедондер, во интервју за белгискиот весник „Ехо“.
Белгија веќе испрати воена опрема во износ од 45 милиони евра во Украина од почетокот на руската инвазија. Министерката најави дека овој пат ќе се испорачаат тешки митралези и муниција во износ од 12 милиони евра, како и летачка опрема за зимата, а идната година Белгија ќе испрати и амбуланти и медицински камиони.
Белгија е исто така дел од мисијата за воена обука на Европската Унија, и е подготвена да помогне во овој дел со своето знаење, меѓу другото за снајперисти. – Нови трупи од Белгија треба да пристигнат и во базите на НАТО во Романија на средината на 2023 година, истакна Дедондер. Белгија се подготвува да распореди и шест Ф-16 во Естонија. За ова министерката треба да добие дозвола од Парламентот.
Ново на Сител
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
