Белгија ја ограничува употребата на „АстраЗенека“ на лица под 55-годишна возраст

Белгија од денеска ќе ја ограничува вакцинацијата за лицата под 55-годишна возраст со „АстраЗенека“, откако Европската агенција за лекови (ЕМА), вчера потврди дека згрутчувањето на крвта може да биде ретка, но опасна нус појава од оваа вакцина.
ЕМА меѓутоа не можеше вчера да потврди дали некои групи на населението се позасегнати од други, ниту врз основа на возраста, ниту врз основа на полот, бидејќи случаи на тромбози се детектирани кај сите категории.
Сепак, белгиските здравствени власти одлучија дека е побезбедно да се ограничи вакцинацијата за лицата помлади од 55 години на сите други одобрени вакцини, освен „АстраЗенека“.
Портпаролот на кризниот штав за Ковид-19 рече дека 85 до 90 отсто од несаканите ефекти се детектирани кај лица под 55-годишна возраст.
-Од моментот кога го надминуваме прагот од 55-годишна возраст ризикот е екстремно низок, во Белгија пресметавме дека еден до 1,5, што е ништо во споредба со илјадниците мртви од Ковид-19 во таа возрасна категорија. Во тој момент предноста на вакцинацијата силно го надминува потенцијалниот ризик, изјави Ив Ван Латем, објаснувајќи ја одлуката да се ограничи АстраЗенека во Белгија.
Белгија е во исчекување на достава на дози од Џонсон и Џонсон што би требало да помогне во забрзувањето на темпото на вакцинација во земјата.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
