Белгија бара да се ограничат цените на енергијата на ниво на ЕУ
![]()
Белгискиот премиер Александар Де Кро најави дека ќе бара на ниво на ЕУ да се ограничи растот на цените на струјата и гасот, кои достигнуваат досега незамисливи нивоа низ Европа.
„Јас бев еден од првите што кажав дека не можеме да продолжиме да го решаваме проблемот со цените со намалување на даноците, туку тие да се блокираат.
Тоа може да се направи само заедно со другите европски земји“, изјави денеска премиерот Де Кро. Како што пренесуваат белгиските медиуми, тој најави дека во следните неколку недели за тоа ќе разговара со лидерите на другите земји од ЕУ, нагласувајќи дека Белгија сама ќе преземе мерки доколку тоа не е можно на европско ниво.
Истовремено, тој додаде дека мерките на национално ниво би биле помалку ефективни од европското решение.
Премиерот Де Кро не ја исклучува можноста за искористување на огромниот профит на енергетските компании.
„Нашите компании и ние како граѓани плаќаме многу високи цени. Секако, неприфатливо е да има компании кои од ова жнеат огромни профити.
Секој мора да го поднесе својот дел од товарот во овие тешки моменти“, рече Де Кро.
Чешкото претседателство со Советот на ЕУ во петокот најави дека наскоро ќе свика вонреден состанок на министрите задолжени за енергетика на кој ќе се разговара за итни мерки што може да се преземат во услови на големо поскапување на енергенсите.
Ново на Сител
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
