Бејли: Нападите во Париз се закана за сите нас

Нападите во Париз се закана за сите нас. Потребна е координација, солидарност и одлучност, но знам дека ќе го надминеме ова и ќе продолжиме да се бориме енергично против тероризмот, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор Џес Бејли.
- Ова е закана за сите нас за која е потребно координација, солидарност и одлучност, но знам дека ќе го надминеме ова зло, ќе продолжиме да се бориме енергично против тероризмот и во исто време нема да заборавиме да покажеме сочуство, разбирање и помош за луѓето кои се обидуваат да избегаат. Ова е огромен предизвик и ние ќе продолжиме одлучно да работиме на тоа за да го решиме, рече Бејли по отворањето на конференцијата „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“.
Тој истакна дека САД соработуваат со Македонија кога се соочуваше и со другите кризи порано, вклучувајќи ја и актуелната мигранска криза, и тоа е значаен дел од соработката на двете земји.
Амбасадорот Бејли при тоа изрази задовоство бидејќи САД се еден од спонзорите на денешната конференција организирана заедно со Центарот за управување со кризи, со кој соработуваат веќе 10 години и го помагаат континуираниот процес на учење кој е дел од секој кризен одговор.
- Кризниот менаџмент има централна улога на секоја влада, која одговара во услови на поплави, зејотрески, урагани и терористички напади. Кризниот менаџмент за секое официјално лице на владата е тест како владата одговара, нејзината компетентност и тука, во овој регион и во САД луѓето очекуваат одговорност, бидејќи кога луѓето се уплашени, збунети ќе се обратат кон своите влади, рече Бејли.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
