БДП во вториот квартал со раст од 2,3 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5 проценти, а 8.7 проценти во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.
Статистичките податоци покажуваат дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално расте за 4.7 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 74.5 процети.
Во истиот период, информира ДЗС, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.4 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.2 проценти.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од годинава бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.
БДП во првиот квартал изнсуваше 1,2 отсто, а со ребалансот на Буџетот е проектиран на износ од 2,1 процент.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
