-->
-->
Автомобил излета од пат кај патарината Градско
-->

Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Повреден е возачот на патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки. Бил приклештен во возилото, па на лице место интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која го извадила од возилото, појасни Додевски.
Нагласи дека во моментот не може да даде повеќе детали за случајот, бидејќи во тек е увидот на лице место.
Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен од Здравствен дом Кавадарци во болницата во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
