Австралија се подготвува за предвремени избори во јули

Австралискиот премиер Малколм Тарнбул се подготвува да распише предвремени избори за двата дома на Федералниот парламент, откако Сенатот на Австралија, денеска одново го отфрли предложениот закон за градежните работнци, што Владата го подготви заедно со синдикатот на оваа индустриска гранка.
Горниот дом, во кој мнознство има опозицијата, претходно, во два наврати не го прифати законот, оправдувајќи ја својата постапка со тврдењето дека тој е „нефер“ кон другите работници.
Тарнбул минатиот месец ја предупреди опозицијата дека доклку сенаторите уште еднаш гласаат против владиниот закон, ќе распише предвремени избори за долниот Дом на пратениците, и за горниот дом, Сенатот.
Ваквото решение се заснова врз една одредба од Уставот на Австралија, според која, премиерот може да распише „двојни избори“, кои обично се организираат одвоено, доколку Владата двапати, едно по друго, биде блокирана од Сенатот.
Автралиските медиуми најавуваат дека доколку Тарнбул ја оствари својата закана, изборите би се одржале на 2 јули.
Распуштањето на Парламентот се очекува за почетокот од мај, веднаш по усвојувањето на буџетот на земјата, но за да се спроведат избори за двата дома на Парламентот, тој ќе мора да биде распуштен најдоцна до 11 мај.
Решението на Тарнбул да се организираат предвремени избори, доаѓа во време кога неговата Либерална партија и владината коалиција ја губат поддршката на гласачите.
Тој сепак верува дека во овој момент се уште би можел да ја добие нивната доверба и на тој начин би обезбеди „чист мандат“, затоа што на функцијата се наоѓа по извршениот партиски пуч, кога беше сменет дотогашниот лидер и премиер Тони Абот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
