-->
-->
Австралија гори - 10.000 пожарникари се борат со пожарите
-->

Предупредувања за катастрофални пожари се издадени низ австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, каде што пожарникарите се борат со повеќе од 100 жаришта.
Властите ги советуваат луѓето да ги одложат своите патувања на стартот на божиќните празници бидејќи временските услови се погодни за засилување на пожарите. Три пожари во околината на Сиднеј се означени како сериозно опасни.
„Ги замолуваме сите да не патуваат по патиштата секаде каде што во близина има активни пожари. Во период сме на неверојатна суша. Некои области немаат видено дожд веќе 12 месеци“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс Гледис Береџиклијан.
Речиси 10.000 пожарникари и припадници на други итни служби се ангажирани во справувањето со пожарите, кои се засилуваат под влијание на температурите над 40 степени, силните ветрови и ниската влажност. Двајца пожарникари волонтери загинаа додека гаснеле оган во близина на Сиднеј.
Од септември, кога почнаа пожарите, загинаа осум луѓе, уништени се 700 домови и изгоре површина од милиони хектари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
