-->
-->
Аврамовски се пресели во Олимпија за месечна плата од 10 илјади евра
-->

Даниел Аврамовски, член на репрезентацијата на Македонија до 21 година, кариерата ќе ја продолжи во љубљанска Олимпија.
Аврамовски, со актуелниот првак на Словенија, потпишал трогодишен договор за месечна плата од 10.000 евра, пренесоа медиумите од оваа земја.
Соиграч во новиот клуб ќе му биде помладиот од браќата Бабунски, Дориан.
Аврамовски кариерата ја започна во Работнички, а потоа играше во Србија, во ОФК Београд и Црвена звезда. Во тимот на српскиот шампион тој за две години не доби вистинска шанса, одигра само 12 натпревари и постигна еден гол.
Аврамовски е дел од младата селекција на Македонија, за која има одиграно 13 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
