Авиони на сирискиот режим бомбардирале опсаден кварт во Хомс

Сириски авиони вчера го бомбардирале квартот Ал Ваер во градот Хомс, кој е под контрола на бунтовниците, соопшти Центарот за набљудување на човековите права, пренесува БТА.
Според локалните жители, при низа воздушни напади, загинале најмалку седум лица, а десетици се ранети.
Вчера беше вториот ден од бомбардирањето - првото после една година во квартот, каде во декември минатата година, со посредништво на ОН беше постигнат договот за евакуација на војниците со етапен план, кој предвидува ограничена контрола на Владата во градот.
Оттогаш нема напредок во спроведувањето на планот, според кој останатите војници треба да го предадат нивното оружје.
Хомс беше центар за војување против претседателот Башар ал Асад.
Примирјето во Хомс кое беше постигнато во 2014 година им дозволи на бунтовниците да излезат од Стариот град, додека Ал Ваер остана под контрола на бунтовниците.
Од тогаш тој е под опсада на сириската војска и владината полиција.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
