-->
-->
Ауди се заби во Голф кај Кичево - едно лице тешко повредено
-->
Ауди се заби во Голф на патот кај Кичево, едно лице заврши со тешки повреди.
- На 19.09.2018 година во 22.10 часот на регионалниот пат П2231 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.С.(70) од с.Мамудовци кичевско и патничко возило „Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од П.Н.(23) од с.Бериково, кичевско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н. на кој му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево, а потоа бил пренесен во Медицински центар Охрид, стои во соопштението на МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
