Атлетико Мадрид доби нови сопственици

Инвестицискиот фонд „Аполо Спортс Капитал (АСК)“ е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави денеска шпанскиот фудбалски прволигаш.
„Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор глобалната компанија за спортски инвестиции „Аполо Спортс Капитал“ да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот од Мадрид.
Четирите сегашни главни акционери ги намалија своите удели за да му овозможат на новиот инвеститор да стекне удел и да стане најголемиот акционер на клубот,
„Инвестицијата на АСК ќе ја зајакне позицијата на нашиот клуб меѓу фудбалската елита и ќе ја поддржи нашата амбиција да постигнеме долгорочен успех за нашите милиони фанови низ целиот свет. Акционерите планираат да соберат нов капитал за да ги поддржат долгорочните планови на клубот, вклучувајќи понатамошни инвестиции во тимот и големи инфраструктурни проекти“, се додава во клупското соопштение.
Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но пазарната вредност на Атлетико се проценува меѓу 2,5 и три милијарди евра.
МИА
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
-

Мицкоски ќе се обрати на потпишувањето на договорот за поддршка на претпријатија за зелено работење
-

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев
-

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
