Атина: Бегалците на Идомени мора да заминат во прифатните центри

Бегалците кои престојуваат во импровизираниот камп кај граничниот премин Идомени треба да прифатат дека границата меѓу Грција и Македонија е затворена за нив и мора да се преместат во организираните центри за прифат на мигранти, ијзави синоќа грчкиот министер за јавен ред Никос Тоскас.
Тој нагласи дека во прифатните центри Грција на бегалците им нуди подобри услови за сместување отколку во кампот во Идомени, каде според проценките, под шатори престојуваат околу 14.000 лица.
- Грција не може да им понуди сериозна помош на толкав голем број луѓе на тоа место, изјави Тоскас за грчката телевизија ЕРТ.
Токсас најави дека властите ќе им поделат флаери на бегалците во кои ќе ги информираат дека нема можност да заминат на север кон централна Европа, поради што им е подобро да преминат во организираните прифатни центри каде може да им биде пружена помош.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
