Атанасов: Неопходна е размена на информации за заштита на здравјето на потрошувачите

Надградување на постоечките искуства и подобрување на знаењето за комуникацијата со ризик, во услови кога од ден на ден во европски и во светски рамки се заоструваат критериумите за безбеноста на храната се предизвиците со кои се соочува Агенцијата за храна и ветеринарство како институција одговорна за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. Ова го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, во обраќањето на првиот ден од дводневната Работилница за комуникација со ризик, која се одржува во Скопје со поддршка на Европската унија и Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА.
- Во насока на силна поддршка на заштитата на здравјето на граѓаните и интересите на компаниите вклучени во прехранбениот сектор, новите безбедносни критериуми за храната налагаат не само слепо преземање и примена на процедури за комуникација, туку неминовно нивно прилагодување на потребите на потрошувачите и бизнис заедницата, секогаш базирано на следење на современите трендови на науката. Постоечките платформи на Европската агенција за безбедност на храната успешно ги интегрира потрошувачите, науката и информирањето и затоа очекувам дека преку европските и искуствата од соседните земји кои ќе бидат презентирани ќе го продлабочиме и нашето знаење и искуство за комуникација со ризикот, рече Атанасов.
Ова, како што посочи, ќе креира поуспешна соработка за размена на информации меѓу соседните земји и европските институции со единствена цел - заштита на здравјето на потрошувачите.
- Искуствата кои ќе бидат презентирани за нас како институција ќе биде уште една иницијатива и за унапредување на постоечката меѓуинституционална соработка на полето на комуникацијата со ризикот, безбедноста на храната и соработката со медиумите, рече Атанасов.
Претставникот од Одделот за комуникации од Европската агеција за безбеност на храна, Шира Табачников изрази уверување дека искуствата кои ќе бидат презентирани ќе го подобрат и унапредат знаењето за комуникацијата со ризикот и ќе придонесат за олеснување на комуникацијата на институциите со медиумите и граѓаните.
Во рамки на Работилницата за комуникација со ризик која се реализира со поддршка на Европската комисија во рамки на Предпристапната програма на ЕФСА за 2015-2017 година, ќе бидат презентирани најдобрите практики за комуникација со ризик, улогата на социјалните медиуми, а презентирани ќе бидат и европски и искуства од соседните земји од областа на комуникација со ризикот.
На дводневната работилница учествуваат претставници од институции, министерства, агенции за храна и институти за јавно здравје од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, БиХ и Србија.
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
