„АстраЗенека“: Несаканите ефекти од вакцината против коронавирусот се очекувани

Британско-шведската мултинационална фармацевтска компанија „АстраЗенека“ денеска соопшти дека не е запознаена со какви било сериозни или неочекувани несакани ефекти од нејзината вакцина против коронавирусот и ги истакна нејзините строги стандарди за квалитет и употреба во повеќе од 50 земји, јави ДПА.
Извештаите за несаканите ефекти и загриженоста за ефикасноста во последните неколку дена натераа одредени луѓе во Германија да ја избегнуваат вакцината против „Ковид-19“ на „АстраЗенека“. Некои луѓе се жалеа на сериозни реакции, понекогаш дури и бараа боледување, што доведе до зголемување на откажаните вакцинации од страна на оние кои покажаа нервозна поради имунизацијата.
-Во моментов пријавените реакции се на нивото што го очекувавме врз основа на собраните докази од нашата програма за клиничко испитување, изјави за ДПА портпаролот на „АстраЗенека“.
Несакните ефекти или симптоми вклучуваат привремена болка и чувствителност на местото на инјектирање, лесна до умерена главоболка, замор, треска, малаксаност и болка во мускулите.
„Повеќето симптоми се јавуваат еден ден по вакцинацијата, а многу поретко се појавуваат на кожата по втората доза на вакцината“, изјави портпаролот на „АстраЗенека“ за ДПА.
-Засега нема потврдени сериозни несакани дејства поврзани со вакцинирањето со нашата вакцина против Ковид-19“, изјави портпаролот, додавајќи дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата.
Ново на Сител
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
