Арсовски: Заев е исплашен човек кој се обидува на секој можен начин да влијае врз истрагата за „Рекет“

Зоран Заев е исплашен човек, кој се обидува на секој можен начин да влијае врз истрагата во случајот со рекетарскиот октопод за да спречи да се дознае вистината дека главата на криминалот не е ниту Боки 13, ниту Катица Јанева туку единствено врвот на неговата власт.
Затоа Заев по секоја цена сака да влијае врз обвинителството и судските органи со цел оваа истрага да се забошоти и да се заборави. Доколку власта Заев беше чиста немаше да контактира со адвокати на обвинетата Катица Јанева и немаше пророчки да предвидува дека притворот на Катица Јанева ќе биде укинат.
Веќе сите во јавноста видоа дека истрагата е крајно искомпромитирана и се води непрофесионално од страна на Русковска и обвинителството. Најпрвин од петни жили се обидуваа таа да остане ограничена само на Боки 13 и Зоки Кичеец, па откако излегоа материјали во странски медиум за вмешаноста на Катица Јанева со тешко срце мораа истрагата да ја прошират и кон нејзе.
Во меѓувреме Јанева имаше време и можност да брише докази, да влијае врз сведоци, да форматира телефони и форензички да брише компјутери во СЈО со секакви докази кои што можеби постоеле. Сега гледаме дека случајот повторно тапка во место, а Јанева од притвор во крајно сомнителни услови испраќа писма и наредби кои Јавниот Обвинител Јовески беспоговорно ги прифаќа. Замислете тој што треба да го гони осомничениот криминалец, прима наредби и постапува по барањето на криминалецот. Тоа го има само во правната држава на Зоран Заев.
Да биде уште посомнително, првообвинетиот Боки 13 се уште нема дадено исказ, ама затоа десет пати отиде во болница. Дали во болниците се влијаело или се вршело притисок врз него да не ја открива целата мрежа на рекетарскиот октопод, за на тој начин да не се дознае за инволвираноста на рекетарските ликови Фрики, Кики, Шеки, Баки и останатите треба да каже Вилма Русковска.
Очигледно дека обвинителството на Русковска нешто крие и се обидува со правна гимнастика да спаси повисоки владини функционери без кои милионските рекети немало да се случат.
Тоа е причината поради која Заев моли бога работите во обвинителството да останат статус кво, за да може и во иднина распупеното судство да миже пред очигледните криминали. Ама тоа нема да помине. Целата јавност виде и целата јавност слушна, но и допрва ќе открива за криминалите на оваа власт. Арамиите кои денес се преставуваат како власт ќе одговараат и пред народот, но и пред законите. Тоа време многу брзо ќе дојде.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
