Арсовски: Помошта од 6.000 денари ќе стигне до сите

Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.
Како што информира Арсовски на прес-конференција, обработени се сите приговори, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна до утре.
Портпаролот е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите. Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.
-Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78.000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на пригвоорот. Се ажурираат и листите на веб страницата „купувамдомашно.гов.мк“, каде ќе моѓат да ги проверат истите податоци, информира Арсовски.
Во однос на ажурирањето, законскиот рок беше 25 декември и во најголем дел постапката е завршена.
-За оние со блокирани сметки, банките кои имаат техничка можност им отворија подсметки за да се исплати помошта. Потсетуваме дека со оваа мерка се исплаќаат 27,5 милиони евра кон најранливите категории граѓани, истакна Арсовски, одговорајќи на новинарски прашања.
Според Арсовски, заклучно со петокот, најголе дел од случаите проблемот е решен. Но, има случаи за кои не може да се има решение, на пример луѓе кои добиле ваква помош, а живеат во странство невозможно е да ги ажурираат своите податоци.
-Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова Година, напомена Арсовски.
Владиниот портпарол рече и дека наскоро ќе има консултации со синдикатите, стопанските комори, социјалните партнер и сите други чинители за да бидат таргетирани мерките од следниот антикризен пакет, а средствата се веќе таргетирани.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
