Арсовски: По референдумот власта се плаши од народот, затоа е донесена одлуката за Груевски

Власта која брани криминал продолжува со политички прогон, дефокусирање и газење на волјата на граѓаните. Власта е исплашена од народот после референдумот и црвениот картон кој го доби и затоа е донесена денешната одлука за господинот Груевски.
Власта која вршеше уцени и закани за време на референдумот, пред референдумот и референдумскиот ден, а потоа и оние притисоци после референдумскиот ден која се јавуваше на приватни броеви на луѓе од ВМРО и лажно претставувајќи им се за само да излезат на гласање, која што полнеше кутии за кој што сведоци беше целата јавност, која што легитимираше група гласање и кое е јасно дека се разголи со сите овие случаеви, продолжува со истото сценарио на автократско владеење.
Но, вака силејќи се преку политички монтирани процеси и прогони, тие ја покажуваат всушност целата своја немоќ. Народот нема да го заборави криминалот на оваа влада, ниту предавството на националните и државните интереси.
Ова судот треба да го знае, но и оние кои му шепотат на судот како за овој случај така и за оној случај во поткуп кога Заев беше ослободен или оној градоначалник шверцер кој е на слобода, дека ќе дојде време кога правдата ќе биде задоволена а вистината ќе дојде на виделина, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
