Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови

Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ.
Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“.
Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6.
Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против Баер Леверкузен (1-1, 2-0), еден во четвртфиналето против Спортинг (1-0, 0-0) и два во полуфиналето (1-0, 1-1).
Од воведувањето на осминафиналето (2003/04), само два финалисти во Лигата на шампиони постигнале помалку голови – Атлетико Мадрид во 2015/16, пет голови и Арсенал во 2005/06, шест голови.
Од друга страна, ПСЖ на патот до финалето одигра два натпревари повеќе, остварувајќи 10 победи, четири нерешени резултати и два порази со гол-разлика од 44-22.
Патот на Арсенал до финалето:
1.коло: Атлетик Билбао – Арсенал 0-2
2.коло: Арсенал – Олимпијакос 2-0
3.коло: Арсенал – Атлетико Мадрид 4-0
4.коло: Славија Прага – Арсенал 0-3
5.коло: Арсенал – Баерн 3-1
6.коло: Клуб Бриж – Арсенал 0-3
7.коло: Интер – Арсенал 1-3
8.коло: Арсенал – Каират 3-2
16-финале: Баер Леверкузен – Арсенал 1-1, 0-2
Четвртфинале: Спортинг – Арсенал 0-1, 0-0
Полуфинале: Атлетико Мадрид – Арсенал 1-1, 0-1
Патот на ПСЖ до финалето:
1.коло: ПСЖ – Аталанта 4-0
2.коло: Барселона – ПСЖ 1-2
3.коло: Баер Леверкузен – ПСЖ 2-7
4.коло: ПСЖ – Баерн 1-2
5.коло 1: ПСЖ – Тотенхем 5-3
6.коло: Атлетик Билбао – ПСЖ 0-0
7.коло: Спортинг – ПСЖ 2-1
8.коло: ПСЖ – Њукасл 1-1
16-финале: Монако – ПСЖ 2-3, 2-2
1/8-финале: ПСЖ – Челзи 5-2, 3-0
Четвртфинале: ПСЖ – Ливерпул 2-0, 2-0
Полуфинале: ПСЖ – Баерн 5-4, 1-1.
МИА
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
