Архитектот на Нотр Дам со загрижувачко предупредување
Во Франција се уште трае полемиката за начинот и методите што францускиот претседатeл ги избра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз која во април ја зафати голем пожар.
Околу 150 работници уште работат на расчистување на урнатините и се обидуваат да ја стабилизираат катедралата.
Сепак, главниот шеф на проектот за обнова, архитектот Филип Вилнев предупредува дека „кровот се уште може многу лесно во целост да се уништи“.
Во изјава за Фигаро тој вели дека е можно за пет години да се поправи Нотр Дам.
-Но, и потоа треба да продолжат реставраторските работи…и тоа сигурно ќе потрае повеќе од пет години, вели тој.
Макрон најави обнова на катедралата за пет години. Усвојувањето на проектот за катедралата во парламентот се уште е под знак прашање иако валдата би сакала тоа што побрзо да се оствари, нагласува весникот.
Законот би требало да се усвои најдоцна до крајот на јули.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
