Апел за разумно користење на водата, пријави за диви приклучувања

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје повторно апелира до граѓаните на Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
Соопшти и дека за да го заштити системот за водоснабдување и граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, спроведува акции за исклучување диви приклучоци.
– Во текот на последните инспекциски контроли беше извршено исклучување на диви водоводни приклучоци кои се употребувале за полевање на ниви во Матка. Против сопствениците се поднесени пријави за кривично дело. Дивите приклучоци се законски забранети (Закон за водоснадбување, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде покрената прекршочна постапка за сторено кривично дело, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
Јавното претпријатие потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Скопје. Ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.
ЈП „Водовод и канализација“ ги повикува граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци да пријават во Дежурно-информативниот центар – 3073 010, Дирекцијата – 3240 300 или на: kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk и www.facebook.com/jpvodovod.skopje.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
