Анкети: Над 70 проценти од Грците против терминот Македонија во името

Резултатите од две различни истражувања на јавното мислење во Грција, објавени во весниците „Катимерини“ и „Прото тема“, покажуваат дека 71,7 проценти и 74,5 отсто од Грците не се согласуваат со име во кое би бил вклучен терминот Македонија, јавува дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот институт за истражување и анализа „Дианеосис“, под наслов „Што мислат Грците“, спроведе истражување во периодот од 16 јануари до 5 февруари, а едно од прашањата се однесува и на проблемот за името.
Резултатите ги објави весникот „Катимерини“, а прашањето било формулирано на два начини, суштината иста, но резултатите со разлика од 5,8 проценти.
Првата верзија гласела: „Во рамките на изнаоѓањето решение во прашањето на Скопје, Грција треба“:
- да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“, за што одговориле 65,9 проценти од анкетираните;
- да прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“, за што одговориле 27, отсто од испитаниците.
Во алтернативната формулација пред прашањето бил додаден делот: „По 25 години стабилна грчка позиција во прашањето за името, веќе целиот останат свет нашиот северен сосед го нарекува „Република Македонија“. Одговорите повторно се против терминот Македонија и тоа со поголем процент.
Грција да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“ одговориле 71,7 проценти од испитаниците, додека пак 24,6 отсто дека немаат проблем со сложено име.
Весникот коментира дека одговорот „не“ е толку силен што ги обединува речиси целосно оние што на референдумот во 2015 имаа спротивно мислење, односно ги обединува и поддржувачите на „не“ и поддржувачите на „да“.
Во второто истражување, спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“, меѓу другите прашања, анкетираните требале да одговорат и на тоа дали „Владата треба да го прифати терминот „Македонија“ во новото име на Скопје или не?“
Негативно одговориле 74,5 проценти, позитивно 21,8 отсто, а останатите 3,7 проценти рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.
Анализирајќи ги резултатите, весникот коментира дека треба да се забележи дека против компромис со терминот Македонија се 63,5 отсто од гласачите на владејачката СИРИЗА.
- Одговорот „не“ е народен, бидејќи добива висок процент низ целата земја, независно од полот или возраста. За споредба, сепак највисок процент на оние што не сакаат компромис, среќаваме во областите Македонија и Тракија (80,5 проценти), на возраст меѓу 35-54 години (79,7 отсто) и кај жените (76 проценти), пишува весникот „Прото тема“, анализирајќи ги резултатите, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
