Анѓушев: За работниците на Веибо груп заинтересирани три компании

Три компании се заинтересирани да ги превземат вработените од компанијата Веибо груп, а за исплата на заостанатите плати едно од решенијата е и стечајна постапка, информираше денеска вицепремиеот за економски прашања Кочо Аншушев одговарашќи на пратеничко прашање на Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ.
Тој на пратеничката и одговори дека во оваа состојба дошло поради лошите политики и ветувањата на претходната влада кои на компанијата им ветувала инвестиции што не ги исполниле, потоа откуп на погонот во Крива Паланка што воопшто не почнал со работа, како и дека ќе им се обезбедат 4.000 до 5.000 вработувања за плата од 150 евра.
Во однос на трите неисплатени плати и неплатени давачки за осигурување, вицепремиерот Анѓушев рече дека сите вработени во моментов се под Заводот за вработување, но нагласи и дека Владата на РМ не може да се меша во компаниите, ниту, пак, може да дели плати во приватните компании.
- Веибо груп има капитал од 2,5 милона евра, а неговите долгови се под таа сума и согласно законите, ако компанијата не ги исполнува условите, може да биде блокирана. После тоа може да се отвори стечајна постапка, а по законската постапка, вработените можат да си ги добијат платите, појасни Анѓушев во однос на законската регулатива за исплата на заостанатите долгови кон вработените.
Вицепремиерот ја информираше пратеничката Митовска дека од почетокот на работата на новата влада, потпишани се договори со повеќе од 10 странски инвестиции и дека во првиот квартал од 2018 година има 233 милиони евра повеќе инвестиции од цела 2017 година.
Ново на Сител
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Нема веднаш да се казнува ако се пушат цигари на места каде е забрането – законот ќе се спроведува во фази
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
-

До април Владата ќе очекува детален извештај како работеле 43-те лиценцирани фирми за канабис
-

Судењето за полицајците обвинети за работата на „Пулс“ закажано за во март
-

Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца
